БАРАЊЕ ЗА КЕТЕРИНГ

ponuda1
Прибирање понуди за печатење на постери и брошури
February 3, 2017
Активност Форуми за инклузивност на млади на локално ниво во соработка со општината
March 31, 2017

БАРАЊЕ ЗА КЕТЕРИНГ

ponuda2

БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ

(простор уредување, подготовка и послужување на освежителни пијалоци-намирници)

01.02.2017

Почитувани,

Здружението Центар за економски политики, анализи и консалтинг ЦЕПАК од Скопје објавува
Барање за прибирање на понуди повикувајќи ги сите правни субјекти да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

  1. Општи услови
    1. Набавувач на услуги Здружението Центар за економски политики, анализи и консалтинг ЦЕПАК со седиште Волково ул 67 бр 26 Ѓорче Петров.
    2. Предмет на барање: простор уредување, подготовка и послужување на освежителни пијалоци-намирници.
    3. Центар за економски политики, анализи и консалтинг ЦЕПАК спроведува проект Идни лидери во заедницата, а заради спроведување на сите активности го објавува барањето за прибирање понуди за простор уредување, подготовка и послужување на освежителни пијалоци-намирници при организирање на работни состаноци со локалната самоуправа и училиштата во општината, форуми за млади, работилници и ораторска вечер, сите на територија на општина Ѓорче Петров.
    4. Понудувачот во случај на избор на неговата понуда е должен да обезбеди фактура од УЈП без ДДВ, заради исплата од страна на средства од грант на Европска Унија.
  2. Понуда
    1. Понудувачот да достави понуда во согласност со потребите на набавувачот по следниве содржини:
      Активност –линија единица Број Период
      простор уредување, подготовка и послужување на освежителни пијалоци-намирници на состанок помеѓу организацијата,општината и училиштата учесник 80 Втора недела во Февраури 2017
      простор уредување, подготовка и послужување на освежителни пијалоци-намирници за време на дводневен форум на млади учесник 60 Трета недела во Март 2017
      простор уредување, подготовка и послужување на освежителни пијалоци-намирници на дводневна работилница учесник 30 Еден ден во Трета недела во Април и еден ден во трета недела во Мај 2017
      простор уредување, подготовка и послужување на освежителни пијалоци-намирници при организација на ораторска вечер учесник и гости 80 Прва недела во Јуни 2017
  3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
    • Цена
    • Квалитет
    • Потврдено искуство во областа
  4. Облик и содржина на понудата
    1. Понудата се израборува во писмен облик со сите именители на фирмата
    2. Карактеристики на понудата
    3. Рок и начин на испорака
    4. Вредност на понудата изразена во денари без вклучен ДДВ
    5. Рок и начин на плаќање

Набавувачот ќе го плати износот без ДДВ и ќе му ги достави на добавувачот сите потребни документи за спроведување на постапката за поврат од ДДВ при промет на добра и услуги во земјата.

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (е-маил) на cepac.skopje@gmail.com најдоцна до 07.02.2017 година до 12 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *