Центар за економски политички анализи и консалтинг ЦЕПAК е независен тинк тенк, дизајниран да обезбеди високо квалитетни истражувања од областа на политиката, економијата и нивната заемна интеракција на национално, регионално и глобално ниво, да обезбеди совети за јавни политики, консултантски услуги и обуки. Целта на центарот е да ја зајакне врската меѓу истражувањето, политиката и економијата со користење на иновативна комуникација за мобилизирање на граѓаните во развојот на јавниот дијалог и креирањето на политики, како и обезбедување на совети, консалтинг и обуки за политички и бизнис субјекти (држави, институции, поединци) кои ги обликуваат политиките и економски интеракции.
Мисија
Мисијата на ЦЕПAК е преку високо квалитетни истражувања и предлози за политики и економски теми да обезбеди основа за креирање на јавната свест, понуда на перспективи и решенија, насочена кон носителите на одлуки и пошироката јавност.
Прочитај повеќеЦели
Да спроведува и објавува високо квалитетни истражувања и анализи; Да објавува и публикува документи за јавна политика, брошури, списанија и други публикации (извештаи, резулати од истражувања и сл.).
Прочитај повеќеСТАТУТ
Со статутот се уредуваат: името и седиштето на здружението, цели и задачи, облици и начин на дејствување, органи, начин на нивниот избор како и нивниот меѓусебен однос.